ПО СЕДМИ ПАТ ТРИУМФИРАШЕ ВО ПАРИЗ Ѓоковиќ со два сета го победи Димитров

225

Новак Ѓоковиќ по седми пат го освои мастерсот во Париз. Денеска во финалето лесно во два сета го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Србинот првиот сет го доби со 6-4 со еден брејк, во вториот Ѓоковиќ зема два брејка и го доби сетот со 6-3.






Ова е негов 40. Мастерс трофеј и вкупно 97. титула во кариерата која најверојатно ќе го остави на чело на АТП листата до крајот на годината, а со тоа ќе ја надмине бројката од 400 недели на врвот. На утрешната ранг-листа, разликата меѓу него и Алкараз ќе биде 1.490 бода, а завршниот Мастерс кој почнува кон крајот на неделава носи 1.500 бода.

Поврзани содржини