Зорен Милески Кичеец од притворското оделение во затворот Шуто Оризари вечерва е транспортиран во затворот во Струга.
Милески доцна попладнево бил вратен во струшкиот затвор за издржување на веќе изречената казна за случајот „Рекет“ во кој ја призна вината, потврдуваат за ТВ 24.
Гостиварскиот апелационен суд денеска го укина 30 дневниот притвор, кој почна да тече од пред три дена, на 7 септември.
Причина за да му одреди притвор беше страшната сообраќајна несреќа кај Стража во саботата, за која Кичеец е осомничен дека ја предизвикал, во која загина 34-годишен гостиварец и седуммина беа повредени.
Сообраќајната несреќа се случи додека Кичеец имаше прекин во издржување на затворската казна, а причина за неа, според обвинителството, е што на патот Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судир меѓу неговиот „мерцедес“ и уште два автомобили.