ПО РОБОТСКАТА РАКА, НАПРАВИЛЕ И РОБОТСКИ ЈАЗИК Готвач што може да „џвака“ и пробува јадења
Научници од Универзитетот Кембриџ, во соработка со производителот на апарати за домаќинство „Беко“, создадоа роботски готвач што може да готви, но и да го вкуси и подобри јадењето доколку е потребно.
Роботите кои можат да ги заменат готвачите во одреден дел од готвењето се релативна новина на пазарот. Тоа се претежно роботи коишто работат по даден рецепт и со програмирани количини храна и зачини.
Научници од Универзитетот Кембриџ, во соработка со производителот на апарати за домаќинство „Беко“, создадоа роботски готвач што може да готви, но и да го вкуси и подобри јадењето доколку е потребно.
Роботската рака, инаку дизајнирана за додавање храна и мешање јадења, во овој случај е претворена во „роботски јазик“. Машината, која претходно беше прилагодена да прави омлети, сега може да се обиде и да утврди дали направениот оброк е доволно солен – преку потези кои имитираат човечко џвакање. Имено, вкусот на храната се менува додека се џвака, па целосна перцепција на вкусот може да се добие само ако се симулира овој процес… Роботот ја мери количината сол во садот, а потоа ќе треба и „да џвака“ за да измери колку е солена. Врз основа на добиените резултати ќе се даде оценка т.е. добиеното јадење ќе се спореди со идеалниот вкус што го одредуваат професионални дегустатори.
Повеќе за ова и видео на порталот „Арт кујна“.