ПО РЕЧИСИ 7 ЧАСА ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ Русија и САД засега не откриваат што е договорено
Турскиот „Хуриет“ пренесува дека руската делегација пристигнала во конзулатот околу 9 часот и 20 минути, а преговорите се однесуваат на активностите на амбасадите во рамките на нормализацијата на односите меѓу двете земји.
Во Истанбул по 6,5 часа завршија преговорите меѓу руската и американската делегација за прашања поврзани со работата на амбасадите.
Разговорите одржани во американскиот конзулат завршија без изјави за новинарите.
Турскиот „Хуриет“ пренесува дека руската делегација пристигнала во конзулатот околу 9 часот и 20 минути, а преговорите се однесуваат на активностите на амбасадите во рамките на нормализацијата на односите меѓу двете земји.
Како што беше претходно објавено меѓу рускиот тим ќе го предводи Александар Дарчиев, шеф на Северноамериканскиот оддел во Министерството за надворешни работи, додека делегацијата на САД ја предводи заменик-помошникот државен секретар Соната Култер.