ПО РАЗВОДОТ ТАТКОВЦИТЕ ГИ ДОБИВААТ ДЕЦАТА ВО ДОЗИ Правата на децата изгубени во лавиринтот на системот

Емотивните, но и експертските излагања во рамки на меѓународната конференција за рамноправно родителство после развод, во Љубљана, покажаа дека односот на општеството, медиумите и судството во земјите од поранешна Југославија е исклучително дискриминаторски кон мажите.

1,025

Вчера (27.октомври), во Љубљана се одржа Меѓународна конференција за рамноправно родителство со учество на 6 здруженија на родители од 5 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Словенија) и 9 реномирани, врвни експерти од Словенија, Германија, Италија, Белгија и САД кои понудија објаснувања и решенија за регулирање на проблемот со заштитата на правата на децата.

Во првиот дел од конференцијата, од извештајот на здружението на родители на секоја земја, јасно се гледа дека проблемите се прилично исти во сите земји. Сличен е и односот на општеството, медиумите и судската практика.






Но, она што радува, велат организаторите, се малите промени: соработката на невладините организации во ревидирање на законодавството во Македонија, повеќе судски решенија за размноправно родителство и интересот на медиумите во Хрватска, подигањето на свеста во БиХ, свеста и реакцијата на поединците се менува и во Србија, а има мала промена и во судската пракса на вишите судови во Словенија.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини