Нова група од 43 Авганистанци кои привремено беа сместени во земјава заминаа од државата откако им била обезбедена потребната документација за влез во трета земја која ќе им обезбеди траен престој.
Во моментов во земјава се згрижени 505 авганистански граѓани кои беа згрижени, а 128 заминаа во Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.
– Нашите институции во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации – велат од Владата.
Авганистанците беа спасени во рамки на голема меѓународна операција за помош на цивили кои се под закана од новиот талибански режим во Авганистан.