По пристигнатите 10.000 дози, Хрватска ќе донира уште 20.000 вакцини од „АстраЗенека“ или „Модерна“

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман на македонски јазик се обрати пред македонската јавност и изрази задоволство што неговата земја може да помогне на блиските соседи во вакви кризни времиња.

292

По денешните 10.000 дози вакцини од „АстраЗенека“ кои Хрватска и ги донира на Македонија, пристигнаа најави дека оваа пријателска држава донела одлука да донира дополнителни нови количини вакцини против ковид-19. Ова го изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, а на која пристуствуваше и хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

– Заедно со министерот од Хрватска пристигнаа и најавените 10.000 вакцини од „АстраЗенека“. Вчера беше најавено и денес се објави дека Хрватска ќе ни донира дополнителни 20.000 вакцини, кои ќе бидат или од истата компанијата „АстраЗенека“ или „Модерна“, што би биле први во земјава од таа компанија“, соопшти Филипче на прес-конференција пред министерството.






Тој потенцираше дека со гостинот разговарале за епидемиолошката ситуација, за мерките, како и дека споделиле некои искуства во битката со вирусот, но и за предвидувањата и плановите за идниот период кој следува, особено поврзан со делта сојот.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман на македонски јазик се обрати пред македонската јавност и изрази задоволство што неговата земја може да помогне на блиските соседи во вакви кризни времиња.

– Со денешната донација 10.000 дози од „АстраЗенека“, Хрватска искажува решителност и подготвеност за конкретна помош на своите најблиски соседи за целиот просец на борбата со коронавирусот да биде што е можно поуспеше. Вчера владата на Хрватска донесе одлука за донирање дополнителни 20.000 дози вакцини – изјави денеска во Скопје министерот Грлиќ Радман.

Тој истакна дека вакцинирањето на населението е единствен излез од пандемијата, како и рамнотежата од постепеното отворање на границите и здравјето на граѓаните на двете земји, и посака во Македонија да притиснуваат што е можно повеќе вакцини со цел да се запре оваа пандемија.

Поврзани содржини