По претседателските избори во САД ќе се одлучува за испораката на Асанж

Бранителите на основачот на Викиликс исто така изјавија дека одлуката најверојатно ќе биде донесена по изборите во САД. 

217

Британското судство ќе донесе одлука за екстрадиција на Џулијан Асанж по претседателските избори во САД на 3 ноември, изјави денеска судијката Ванеса Бараистер.

Тој се соочува со затворска казна од 175 години за откривање на повеќе од 700.000 тајни документи за воените и дипломатските активности на САД, особено во Ирак и Авганистан.






Почна да објавува доверливи документи во 2010 година.

Разгледувањето на американското барање за екстрадиција истекува следната недела, но судијката Бараистер и одобри на одбраната на Асанж дополнително време да поднесе аргументи.

– Најверојатно ќе ја донесам одлуката по изборите во САД – нагласи судијката, која и даде на одбраната четири недели да ги подготви аргументите, а на американската влада и даде две недели.

Бранителите на основачот на Викиликс исто така изјавија дека одлуката најверојатно ќе биде донесена по изборите во САД.

Поврзани содржини