🎥 „ПО ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА, НЕ ТРЕБАШЕ ВЕЌЕ ДА СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ“ Филипче стана лидер на СДСМ за да се вади на политички притисок кога ќе одговара за криминалите, изјави Лефков
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека актуелниот претседател на партијата СДСМ, Венко Филипче, се грижи само за својата кариера.
„По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција“.
Ова го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција.
Тој изјави дека претседателот на партијата СДСМ, Венко Филипче, се грижи само за својата кариера.
– Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката. Филипче и Заев изглумеа по пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 луѓе, глумат и сега. Филипче нема образ, кога немаше срам да остане министер по пожарот во модуларната болница, тој нема срам, ни одговорност за ништо. Венко Филипче е пример за политичар на кого зборот не му држи ниту еден час. Сѐ што прави Филипче е за кариерен спас и да не одговара. Позицијата претседател на СДСМ ја презема за да може да се вади на политички притисок кога ќе биде повикан на одговорност за сите криминали. Народот памети, а институциите ќе почнат да работат. Одговорност мора да има – додаде Лефков.