ПО ПОВОД ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ НА БИГОРСКИ МАНАСТИР Филмот „1000 години Сведок на Светлината“ на фестивалот „Браќа Манаки“

Филмот е во режија на Илија Ико Каров и е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година. 

252

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ ќе биде прикажан во Битола, во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“.

– Со посебна радост информираме дека на 24 август со почеток во 20:30 часот, документарецот „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ продукција, а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе биде прикажан на платото пред Офицерскиот дом во Битола – рече сестра Ефимија.






Филмот е во режија на Илија Ико Каров и е снимен по повод големиот јубилеј – 1000 години од основањето на свештената Бигорска Обител, што се прослави во 2020 година.

Својата свечена премиера ја доживеа  во Македонскиот народен театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот – посочи сестра Ефимија.

Проекцијата на филмот е слободна можат да ја проследат сите заинтересирани.

Поврзани содржини