По повеќемесечна пауза, Ед Ширан објави нова песна (ВИДЕО)
Тој веќе подолго време работи на нов албум, кој планира да го објави следната година.
Мулти-наградуваниот композитор, текстописец и пејач Ед Ширан по 18-месечна пауза вчера објави нова песна наречена „Afterglow“.
Тој веќе подолго време работи на нов албум, кој планира да го објави следната година.
Оваа песна е негов празничен подарок на обожавателите ширум светот.
– Песната „Afterglow“ ја напишав минатата година и ви ја посветувам на вас. Ова не е прв сингл од иден албум, туку е само песна што ја сакам и се надевам дека ќе ви стане драга и на вас. Уживајте! Ви посакувам безбеден и среќен празник за време на празниците. Среќна Нова Година! Сега се враќам во земјата каде сум татко, чао! – објавил Ширан.