„ПО ПОРАЗОТ ФИЛИПЧЕ НАЈВЕРОЈАТНО ИТНО ЌЕ ИЗБЕГА, ЗА ДА НЕ ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР“ Димитриевски носи инвестиции, Филипче носи пари кај Заев во Дубаи, реагира ЗНАМ

Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските црвените линии во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме сè и правиме сè спротивно од тоа и затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар, реагира ЗНАМ на изјавата на Филипче во Куманово.

1,304

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси, а Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, се вели во реакцијата на ЗНАМ.

„Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар. Денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери, а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Димитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство“, реагира ЗНАМ.






Второ, се додава во реакцијата, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија.

„И, тука се гледа кој е вистински, а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевски носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри“, се вели во реакцијата.

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања, додава партијата.

„Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските црвените линии во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме сè и правиме сè спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во Владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи. А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата, за да не заврши в затвор“, реагира ЗНАМ.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на локалните избори од кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, денеска изјави дека граѓаните ја препознаваат разликата меѓу чесни и професионални луѓе и оние што се грижат само за лични интереси.

– Граѓаните веќе еднаш беа излажани, но сега тоа нема да го дозволат. Мартин е еден од фаворитите за победа во Куманово, тоа ни го потврдуваат и последните истражувања. Тој има одличен прием кај граѓаните – градски човек кој може да влезе насекаде, чесен, без дамка во неговата работа. На секоја функција ја вршел својата работа професионално и во интерес на граѓаните – изјави Филипче.

Тој додаде дека Максим Димитриевски го изгубил кредибилитетот, со тоа што наместо да се бори против криминалот и корупцијата, „седна во скутот на власта и ги поддржува сите политики на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Куманово не заслужува уште еден мандат на Димитриевски, а Мартин Костовски е вистинскиот избор за граѓаните – чесен човек, професионалец, фаворит за победа и човек со визија за модерно и европско Куманово. Јас лично ја преземам одговорноста пред граѓаните дека и како градоначалник ќе остане ист – чесен и посветен на интересите на Куманово – рече Филипче.

На новинарско прашање дека партијата води црна кампања за локалните избори, одговори дека СДСМ не е таа која води црна кампања, туку обвинувањата стигнуваат лично од премиерот Христијан Мицкоски кој постојано зборува за Дубаи, станови авиони итн.

– Не знам каде ја гледа и во што ја гледа премиерот црната кампања, а еве он посегнува го слушам вчера повторно тие нивни напади и констукции, измислени приказни. Ок, јасно е човекот нема што да каже, нема ниту едно исполнето ветување. Нема ниту еден проект со којшто може да се пофали и посегнува по тоа. Ние не водиме црна кампања ние ја кажуваме црната вистина во државата којашто дојде како резултат на неговите политики. Ете тоа ние го правиме во овој момент – рече Филипче.

Тој денеска го посети пазарот во Куманово каде на граѓаните им порача дека пазарот нема да се продаде затоа што во програмата на кандидатот Костовски има детален и целосен план како овој пазар ќе се реконструира и во кој е предвиден подземен паркинг.

 

Поврзани содржини