По поплавата илјадници пајаци ги преплавија куќите во Австралија (ВИДЕО)
Професорот Дитер Хочули, кој е на чело на еколошката група на Универзитетот во Сиднеј, вели дека пајаците отсекогаш биле таму, но главно незабележителни.
Илјадници пајаци ги напуштија своите живеалишта по поплавите во австралискиот Нов Јужен Велс, што, се разбира, не наиде на воодушевување кај локалното население.
– Пајаците влегоа во куќата, ја преминаа оградата и можеа да достигнат сè – рече Мет Ловенфос откако овие животни го преплавија неговиот имот.
– Никогаш не сум видела такво нешто – рече Мелани Вилијамс.
Професорот Дитер Хочули, кој е на чело на еколошката група на Универзитетот во Сиднеј, вели дека пајаците отсекогаш биле таму, но главно незабележителни.
– Кога има поплави, тие суштества треба да се преселат затоа што не можат повеќе да живеат во тоа живеалиште. Тие се обидуваат да најдат некои повисоки области додека не се повлечат водите – рече тој.
Да потсетиме, околу 18.000 жители на австралиската држава Нов Јужен Велс беа евакуирани поради најголемите поплави во последните 60 години, а се очекува обилните дождови да продолжат да паѓаат и во следните неколку дена.
Беше предизвикана значителна материјална штета во погодените области, каде што живеат околу 25 милиони Австралијци.