📷 ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД МИШО КОВАЧ Еве како се држи легендарниот пејач навлезен во деветтата деценија

Мишо Ковач ги пее своите најголеми хитови, а кога веќе не може да издржи, продолжува да пее седејќи.

802

Мишо Ковач (83) навлезен во деветтата деценија од жвотот и со нарушено здравје, сè уште знае да отпее добра песна и да направи добра забава. По подолго време се појави нова снимка од легендарниот пејач како пее на забава во Истра.

Снимката и фотографиите ги објави хрватската пејачка Маја Шупут која настапувала на истата забава.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

„Има вечери што ги паметите додека сте живи. Нашите разговори по настапот зад сцената ми ја нахранија душата“ – напиша Шупут покрај фотографијата со Мишo Ковач.

Претходно таа објави и клипови од неговиот настап.

фото: принтскрин

Мишо ги пееше своите најголеми хитови, а кога веќе не може да издржи, продолжува да пее седејќи.
Славниот пејач во последно време ретко може да се види во јавноста. Последната вест за него се слушна во ноември минатата година, кога поради здравствени проблеми заврши во болница.

Поврзани содржини