По пет години борба со тешката болест, почина славниот актер

2,138

Познатиот актер и режисер Роберт Дауни постариот почина во средата наутро на 85-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.

Познатиот режисер, кој е татко на актерот од „Железниот човек“, славниот Роберт Дауни помладиот, починал во сон во неговиот дом во Њујорк, соопштила неговата сопруга.






Роберт Дауни постариот се прослави со улогите во филмовите „Буги ноќи“, „Магнолија“ и „Да се живее и да се умре во ЛА“.

Роберт Дауни постариот пет години се бореше со Паркинсоновата болест. Во едно од интервјуата што го даде по повод борбата на неговиот син со опијатите, тој рече: „Животот е премногу лесен кога сте sвезда. Луѓето ќе гледаат сѐ да направат за вас, и тоа без никакви прашања. Холивуд е едно ужасно место“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини