По пенал серијата, „жолтата подморница“ дојде до трофејот во Лига Европа (ВИДЕО)
Виљареал го отвори финалето со гол на својот најдобар стрелец Жерар Морено во 29. Во 10 минута на вториот дел Уругваецот Едисон Кавани постигна гол за израмнување.
Во маратонско финале во Гдањск фудбалерите на Виљареал со подобро изведување на пенали го совладаа фаворизираниот Манчестер Јунајтед со 12-11 и го освоија пехарот во Лига Европа.
Во маратонското финале кое заврши длабоко во ноќта, трагичар беше голманот на „црвените ѓаволи“ од Олд Трафoрд, Де Хеа кој ја загуби директната пенал пресметка во 11 серија со својот колега од спротивниот табор.
По регуларните 90 минути резулатот на семафорот гласеше Виљареал – Манчестер Јунајтед 1-1.
Виљареал го отвори финалето со гол на својот најдобар стрелец Жерар Морено во 29. Во 10 минута на вториот дел Уругваецот Едисон Кавани постигна гол за израмнување.
Со резулат 1-1 заврши регуларниот тек од дуелот во Гдањск, немаше голови ниту по дополнителните продолженија, по што за освојувачот на трофејот во Лига Европа мораа да одлучуваат пеналите.
Во пенал рулетот до десетата серија немаше промашување, за во последната руна во пресметката на голманите искусниот Шпанец на голот на Јунајтед не успеа да го совлада чуварот на мрежата на Виљареал, Руљи за голема радост на лигашот од Шпанија.
Трофејот во Лига Европа може слободно да го носи името „Унаи Емери“
Тренерот на Виљареал, Унаи Емери дојде до четвртиот наслов во Лига Европа како тренер, што е неверојатно достигнување.
Емери пред синоќешниот трофеј имаше неверојатна низа со Севиља, која ја освои ЛЕ во 2014, 2015 и 2016. година.
Тоа не е крај. Емери и во 2019 година можеше да дојде до уште еден трофеј во Лига Европа како тренер на Арсенал, но во финалето беше поразен од Челси.