ПО ПЕДЕСЕТ ГОДИНИ РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА Лекарите открија од што починал Брус Ли

Брус Ли почина на 32-годишна возраст во летото 1973 година додека беше во Хонг Конг. Аутопсијата во тоа време покажала дека Брус починал од оток на мозокот, за што лекарите го обвинија земањето лекови против болки.

3,171

Педесет години по мистериозната смрт на Брус Ли, лекарите веруваат дека конечно ја пронашле причината.

Клетките во неговото тело биле отечени, вклучувајќи го и мозокот, што резултирало со смрт, а сето тоа настанало поради прекумерно внесување вода во организмот. Таа вечер луѓето околу него забележале дека постојано консумира вода, а мешал и разни опијати со таблети.






Брус Ли почина на 32-годишна возраст во летото 1973 година додека беше во Хонг Конг. Аутопсијата во тоа време покажала дека Брус починал од оток на мозокот, за што лекарите го обвинија земањето лекови против болки.

Неговата прерана смрт ги поттикна гласините дека можеби бил убиен од кинески гангстери, отруен од љубоморна љубовница или жртва на проклетство. Друга теорија беше дека тој починал од топлотен удар.

Сега истражувачите ги разгледале доказите за да заклучат дека Брус најверојатно починал од хипонатремија.

– Со други зборови, сугерираме дека неспособноста на бубрегот да излачува вишок вода го уби Брус Ли – изјавил експерт за „Clinical Kidney Journal“.

Заклучокот на стручњаците е дека Брус Ли страдал од хипонатремија, односно состојба која претставува нарушување на електролитите кои ги карактеризира намалена концентрација на натриум во крвта. Хипонатремија укажува дека нивото на натриум во крвта кој е неопходен за рамнотежата на течности – бил абнормално низок. Нерамнотежата укажува на отекување на клетките во телото, вклучувајќи ги и оние во мозокот.

Студијата тврди дека Брус имал повеќе фактори на ризик за хипонатремија, вклучително и пиење големи количества течности, употреба на канабис (кој ја зголемува жедта), како и други работи кои ја намалуваат функцијата на бубрезите, како дрога и алкохол.

Неговата сопруга Линда открила дека Брус бил на диета базирана на најмногу течности, а пред смртта пиел сок од морков и јаболко. Биографот Метју Поли, автор на книгата „Брус Ли, живот“, спомнува дека мајсторот на боречките вештини консумирал поголема количина на вода ноќта пред смртта.

Поврзани содржини