ПО ПАУЗА 26 ГОДИНИ, ПАК СРЕДНО ПОЛИЦИСКО ОБРАЗОВАНИЕ Еве кој ќе може да се запише и да стане полицаец

Во првата година се очекува да се запишат околу 200 ученици.

126

По пауза од 26 години, во Македонија повторно ќе се воведе средно полициско образование, а според најавите во првата генерација се очекува да се запишат околу 200 ученици.

Според најавите, учениците ќе можат да се запишуваат по завршувањето на втора година од средното образование. Тие третата и четвртата година ќе ги поминуваат во специјализирано полициско образование, каде покрај редовната настава ќе добијат и практична обука за полициската професија.






Целта на ваквиот модел е уште во средношколскиот период да се создадат кадри со соодветни знаења, дисциплина и практични вештини за работа во полицијата.

Искуството од претходниот систем покажувало дека полицајците кои поминале вакво образование имале повисоко ниво на професионална подготовка.

Средното полициско училиште во Македонија беше укинато околу 2000 година, по што обуката за полицајци се организираше преку посебни центри за обука и краткорочни програми. Со новата иницијатива, државата повторно се враќа на моделот на специјализирано средно образование за идните полициски службеници.

Од Министерството за внатрешни работи очекуваат оваа мерка да придонесе за создавање подобро обучени и професионални кадри, кои уште од рана возраст ќе се подготвуваат за безбедносните предизвици и задачите што ги носи полициската служба.

 

Поврзани содржини