По Пандев, уште двајца фудбалери се збогуваа со репрезентативниот дрес
Велкоски вчера на социјалните мрежи го објави неговото, но и заминувањето во репрезентативна пензија на Тричковски, како последен танц заедно со Пандев на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев вчера после две децении во црвено-жолтиот дрес го одигра последниот меч за Македонија, но тој не беше единствениот кој после дуелот со Холандија ја заврши репрезентативната кариера од актуелниот состав.
Покрај Пандев, во репрезентативна пензија заминуваат и напаѓачите Крсте Велкоски, актуелниот фудбалер на Сараево и Иван Тричковски, фудбалерот на АЕК Ларнака, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот.
Велкоски вчера на социјалните мрежи го објави неговото, но и заминувањето во репрезентативна пензија на Тричковски, како последен танц заедно со Пандев на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам.