ПО ОЛИМПИЈАДИТЕ ОВИЕ СТАДИОНИ СТАНАА ДУХОВИ Сараево, Сочи, Атина, Пекинг, Рио…(ВИДЕО)
Пекинг потроши 40 милијарди долари за да биде домаќин во 2008 година, Русија плати 51 милијарда за игрите во Сочи, кој стана град на духови веднаш по завршетокот на игрите. Рио де Жанеиро имаше големи надежи кои згаснаа како што згаснаа рефлекторите на Летните игри во 2016 година. Оваа година Пјонгчанг, домаќин на ЗОИ потрошил 13 милијарди долари.
Сите ги знаат сликите од пропаднатите стадиони и скокалници од некогашната зимска олимпијада во Сараево, но вистината е дека тоа се случило и во Атина, Рио Де Жанеиро, на стадионот во Пекинг за летната Олимпијада…Игрите се скапа играчка која потоа бидува фрлена, а тоа може да има економски последици за цела една генерација, пишува Трилист. Колку овие земји потрошија за да го носат олимпискиот оган и вредеше ли?
Пекинг потроши 40 милијарди долари за да биде домаќин во 2008 година, Русија плати 51 милијарда за игрите во Сочи, кој стана град на духови веднаш по завршетокот на игрите. Рио де Жанеиро имаше големи надежи кои згаснаа како што згаснаа рефлекторите на Летните игри во 2016 година. Оваа година Пјонгчанг, домаќин на ЗОИ потрошил 13 милијарди долари.
Грција потрошила скоро 11 милијарди долари за Олимпијадата во 2004 година, а Југославија во 1984 само 177 милиони долари, што преведено во денешни пари сигурно оди во милијарди.
Следната фотогалерија со фотки од Јутјуб-видеото ги дава поединечните напуштени стадиони по градови.