ПО ОДЗЕМАЊЕТО НА ТИТУЛАТА ПРИНЦЕЗА Ќерката на данскиот принц била малтретирана во училиште
„Нашите деца во краток рок станаа изложени на јавноста. Ние како родители немавме време да ги подготвиме за промените и реакциите на луѓето“, рекла принцезата Мари.
Атена, ќерката на данскиот принц Јоаким и принцезата Мари, учениците наводно ја малтретирале по неодамнешната одлука на кралицата Маргрете да им ги одземе кралските титули на своите четири внуци, пишува „Дејли мејл“.
„Другите ученици доаѓаат и ѝ велат на Атина: „Дали ти си таа која повеќе не е принцеза?“, раскажала принцезата Мари. Таа додала дека нејзините деца сега се во фокусот на јавноста и чувствува потреба да ги брани.
„Нашите деца во краток рок станаа изложени на јавноста. Ние како родители немавме време да ги подготвиме за промените и реакциите на луѓето“, додала Мари.
Принцот Јоаким претходно изјавил дека неговите деца биле „казнети“ со овој потег и дека веста за одземањето на титулите му била соопштена само пет дена пред нејзиното објавување.
„Сите сме многу тажни. Никогаш не е лесно да видите како кон вашите деца се однесуваат лошо. Тие се во ситуација што не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план кој во основа најави дека децата ќе ги загубат титулите кога ќе наполнат 25 години. Атина ќе има 11 години во јануари“, рече тој.
Потсетуваме, од 1 јануари 2023 година, принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атина повеќе нема да бидат принцови и принцеза. Наместо тоа, ќе ги користат титулите гроф и грофица и од следната година нема да бидат височества, туку екселенции. Данската кралица рекла дека тоа е во согласност со „другите кралски куќи“.
ФОТО: ЕПА