ПО ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ По два месеца Ѕверката од „Сексот и градот“ првпат се огласи (ФОТО)
Прво објавил фотографија од својот постар син додека игра кошарка, а во описот додал дека е возбуден додека гледа како расте неговата љубов кон овој спорт.
Актерот Крис Нот, познат како „Ѕверката“ од култната серија „Сексот и градот“, се огласи на Инстаграм два месеца по обвиненијата за сексуално злоставување.
Прво објавил фотографија од својот постар син додека игра кошарка, а во описот додал дека е возбуден додека гледа како расте неговата љубов кон овој спорт.
View this post on Instagram
Потоа објавил уште една фотографија со која на помалиот син Китс му честита роденден.
Следбениците на актерот во коментари му порачаа дека се среќни што се вратил на социјалните мрежи и дека го поддржуваат.
View this post on Instagram
Да потсетиме, четири жени го обвинија Нот за сексуално злоставување. Последна која со приказна излезе во јавноста е Лиса Џентил, која рече дека актерот насилно ја бакнувал и ја допирал во нејзиниот стан во Њујорк. Таа тврди дека инцидентот се случил откако актерот го сретнала во ресторанот „Да Марино“ во центарот на Менхетн, каде што уште една жена тврдела дека Нот ја нападнал.
ФОТО: Инстаграм