По новиот мост од Ново Лисиче до Судска палата ќе се стасува за 5 минути

1,209

Градежните активности на новиот мост „АСНОМ“ кој треба да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба се одвиваат според предвиденото темпо и очекувањата се дека до средината на следната година ќе биде заокружен овој проект.

Мостот ќе ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Мостот ќе биде долг 150 метри, со шест коловозни ленти, а ќе има и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.






Вредноста на договорот за изведба на оваа фаза изнесува 365,6 милиони денари со вклучен ДДВ.

– Денеска вршиме увид на интензивните градежни активности за изградбата на новиот мост на булеварот АСНОМ, односно втората фаза од пробивањето на булеварот. Веќе се поставени темелите, а мостот ќе биде со габарит како мостот Гоце Делчев и ќе овозможиме нов сообраќаен коридор од општина Аеродорм кон општина Гази Баба – изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Од Град Скопје посочуваат дека изградбата на ваков мост на реката Вардар во планската документација на Скопје постоела уште од 1965 година, но оти поради осуството на визија за развој на градот и немањето чувство за вистински приоритети, изградбата била одложувања.

По изградбата на  мостот, како што посочува Град Скопје, граѓаните од Ново Лисиче до Судската палата со автомобил ќе се стигнуваат за пет минути, со автобус за 10 минути, со велосипед за 18 минути, а со пешачење за 35 минути.

 

Поврзани содржини