По „Ники“, Грција го затвори и преминот „Дојрани“
Па така сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека од денеска па се до 04.08 (вторник) ќе биде затворен граничниот премин „Дојрани“ од грчка страна за сите патнички и товарни возила.
Во известувањето до граѓаните од МВР велат до граничната служба на граничниот премин „Стар Дојран“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премин ,,Дојрани“ , а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчкиот граничен премин ,,Дојрани“ ќе биде затворен за патнички и товарен сообраќај во периодот од 22.07 (среда) од 00.00 часот до 04.08.2020 (вторник).
Па така сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин ,,Евзони“.