ПО НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ПАУЗА Надал ја освои 89. титула во кариерата

303

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн, откако денеска го совлада во финалето Американецот Максим Крејси со 7:6 (8-6), 6:3.

Надал го реши во своја корист финалниот дуел за еден час и 44 минути игра.






За моментно шесторангираниот тенисер на АТП листата ова е 89. титула во кариерата, а прва по пауза од повеќе месеци поради повреда на стапалото.

Поврзани содржини