🎥 ПО НЕКОЛКУ ЧАСА НАЈДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ КАЈ ЛАЗАРОПОЛЕ Не можело да се контактира со нив поради отсуство на мобилна мрежа

Двајцата биле пронајдени утрово во 8.30 часот на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.

2,454

По неколкучасовна потрага утрово во 8.30 часот пронајдени се во добра здравствена состојба и успешно извлечени се две лица кои заглавиле во снег кај селото Лазарополе.

Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, вработени во мобилниот оператор А1, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.






Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе.

Вчера (10.01.) во 23:30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека две лица кои се наоѓале над село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, биле заглавени во снег. Со нив не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа.

Веднаш по пријавата, случајот бил проследен до полицијата во Ростуше, по што биле ангажирани припадници на Оддел за специјални полициски операции и Одделот за униформирана полиција при МВР, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила, опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото каде што биле луѓето.

 

Поврзани содржини