Ретриверот Бас, миленикот на легендарниот музичар Тоше Проески, починал на 14-годишна возраст. Веста дека Бас си заминал кај Тоше, на неговата фан ја страница ја објавија администраторите, споделувајќи негови фотографии.
За приврзаноста на Бас кон Тоше, се пишуваше многу, по смртта на ѕвездата во 2007 година. Околу шест месеци пред да почине, Тоше го купил Бас од одгледувачница во Белград и го донел во станот во Злокуќани, каде тогаш живееше.
По смртта на Тоше, негови блиски сведочеа дека Бас многу тагувал. Од Скопје, бил однесен во семејната куќа на Проески во Крушево, а првите денови по трагедијата, само седел во дворот и одбивал храна, па дури и вода.
Потоа, со тек на време, се приврзал со внукот на Тоше, Кристијан, кој често го шетал.