ПО НАЈГОЛЕМАТА ВЕЖБА НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА Дојде народ во Стенковец да види колку сме силни (ГАЛЕРИЈА)

3,940

„Ова е една од придобивките на сојузништвото во НАТО. Армијата ни јакне, така ја обезбедуваме сигурноста дома. На истиот начин на кој сите сојузници на НАТО се обединети во политиката, обединети се и во воената одбрана. Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници се здружени во своите ставови, во своите одлуки, го прави НАТО обединето и силно“.

Ова, меѓу другото, го изјав и премиерот Димитар Ковачевски, на јавната презентација на дел од воздухопловите и друга воена опрема на армиите на сојузничките земји коишто учествуваат во воената вежба „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“,најголемата што досега се реализирала во Северна Македонија.

 






Повеќе илјади граѓани дојдоа да ги видат одблизу воените хеликоптери и прелетот на авионите од НАТО. . Беа изложени повеќе воздухоплови, меѓу кои и познатите армиски модели AH-64 Apache, UH-60 Black Hawk, CH-47 Chinook, HH-60, Mi-17.

Дополнително внимание предизвикаа и прелетите на ловците F-16 и авионите A-10 Thunderbolt II, кои изведоа мини авио-шоу пред насобраниот народ.

Од галеријата на МИА и на Владата:

 

 

 

Поврзани содржини