По најавата за преземање Македонска берза го стави „Скопски пазар“ на Листата за набљудување

Одборот  на дитектори на Македонска берза се водел од членот 61-а од Правилата за котација при донесувањето на заклучокот.

1,081

Одборот на директори на Македонска берза вчера донел заклучок да го стави „Скопски пазар“ на „Листата за набљудување“, откако двајца акционери во компанијата објавија дека сакаат целосно да ги преземат обичните акции со право на глас.

Како што е соопштено Одборот  на дитектори на Македонска берза се водел од членот 61-а од Правилата за котација.






„Внесување на друштвото Скопски пазар АД Скопје на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје“, стои во соопштението објавено на веб страната на Македонска берза.

Поврзани содржини