ПО „МОСКВА“ ПОТОПЕН И „АДМИРАЛ МАКАРОВ“? Се чека потврда за вториот од трите адути на Црноморската флота (ФОТО)

По драматичното потонување на ракетниот крстосувач „Москва“, руската Црноморска флота остана само на три главни површински борбени адути, а најдобар и најважен од нив е ракетната фрегата „Адмирал Макаров“.Според воениот аналитичар на Форбс, овој факт го прави 409-метарскиот брод највредната цел за украинските ракетни посади и операторите на беспилотни летала.

3,536

Експертите на ОСИНТ (Опен извор разузнавање) кои анализираат разузнавачки информации од јавни извори објавија дека се појавија неофицијални информации дека веројатно е погодена и потоната фрегатата на руската морнарица „Адмирал Макаров“, исто така со ракети Нептун кои беа користени врз крстосувачот „Москва“, пишува Слободна Далмација.

Информациите не се поткрепени со докази, а ОСИНТ наведува дека детално ќе истражи сѐ што е поврзано со овие шпекулации и ќе ја информира јавноста, јавува Јутарни. Станува збор за фрегата од класата „Адмирал Григорович“.






Пензионираниот генерал-полковник и воен аналитичар на Си-Ен-Ен, Марк Филип Хертлинг , ја коментираше информацијата: „Со нетрпение очекуваме да слушнеме повеќе“.

 

По драматичното потонување на ракетниот крстосувач „Москва“, руската Црноморска флота остана само на три главни површински борбени адути, а најдобар и најважен од нив е ракетната фрегата „Адмирал Макаров“.Според воениот аналитичар на Форбс, овој факт го прави 409-метарскиот брод највредната цел за украинските ракетни посади и операторите на беспилотни летала.

За тоа се свесни и Русите, па го држеа бродот подалеку од украинскиот брег. Потонувањето на Москва, заедно со претходното уништување на десантниот брод на Црноморската флота „Саратов“ по очигледното пукање со украинска балистичка ракета, ги исплаши командантите на флотата, па ги повлекоа воените бродови од брегот.

 

Кога руските воени бродови испловуваат од Крим, тие обично се држат на околу 150 километри од украинскиот брег надвор од дострелот на ракетите Нептун. Но, истото растојание ја спречува фрегатата всушност да ја врши својата работа, а тоа е да ги заштити други воени бродови, Па така, кога минатата недела украинскаа морнарица со дрон потопи два нападни чамци кај островот Снејк, фрегатите не беа во позиција да помогнат.

Поврзани содржини