ПО КУМАНОВО, СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА СОРАБОТКАТА НА ВРЕДИ И ЗНАМ И ЗА ЦЕНТАР Меџити ги повика жителите на Кале и на Дуќанџик да гласаат за Лабудовиќ

Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември, кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ, соопшти ЗНАМ.

464

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта, Вреди, соопшти ЗНАМ.

„Вечерва, со средба со локалните жители од Кале и од Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана. На средбата со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, покрај Лабудовиќ и генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити. Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември, кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Лабудовиќ“, соопшти ЗНАМ.






Затоа што само на тој начин може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати, се додава во соопштението. Станува збор за подобрување на основните услови за живеење и подигнување на едно ново ниво погоре во нивното секојдневние – работи кои веќе се предвидени во програмата на Мирослав Лабудовиќ, порачува ЗНАМ.

„Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и Вреди, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски. Партнерската соработка на централно ниво, која успешно функционира веќе година и половина, се пресликува и на локално, за доброто на граѓаните“, се вели во соопштението на ЗНАМ.

Поврзани содржини