ПО КРСТОВИТЕ ЌЕ СЕ СКОКА ПО СТУДЕНО И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ Температурите нема да надминат 6 степени во текот на денот

Во Скопје и околината утрово температурата ќе се спушти до околу - 4 степени а преку денот таа ќе достигне до околу 6 степени.

1

Денеска изутрина времето ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.






Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурите утрово се движат од минус 10 во Берово до 1 степен во Дојран, а максималните дневни од 1 степен во Крушево до 6 Целзиусови степени во Дојран.

Во Скопје и околината утрово температурата ќе се спушти до околу – 4 степени а преку денот таа ќе достигне до околу 6 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини