Барби Кели, членка на еден од најпопуларните бендови во 90-тите, „The Kelly Family“, почина на 46-годишна возраст.
Веста за нејзината смрт била објавена на официјалниот профил на групата на Инстаграм.
„Нашата сакана сестра Барби почина по кратко боледување. Ќе ни недостасува многу и ќе ја носиме во нашите срца и спомени засекогаш“, се вели во објавата, а во над 1.800 коментари фановите изразија жалење за смртта на музичарката.
Барби го напушти бендот во раните 2000-ти години поради психички проблеми предизвикани од планетарната слава со која Барби не знаела како да се справи, рекол тогаш нејзиниот брат Џими, а во тие години починал и нивниот татко Даниел Кели, кој беше шеф на бендот.
Иако ја започна својата музичка кариера во 1970-тите, „The Kelly Family“ се здоби со слава и светска популарност дури 20 години подоцна. Анџела, Патриша, Педи, Барби, Мејт, Кети, Џими и Џои снимија бројни хитови, а како еден од најважните албуми се издвојува „Over The Hump“ од 1994 година, кој се продаде во 4,5 милиони примероци во Европа, од кои половина беа продадени само во Германија.
View this post on Instagram
FOTO: Instagram/Morlokx/via Guliver