ПО КИМ КАРДАШИЈАН, УТЕХА НАЈДЕ ВО МАНЕКЕНКАТА Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски се новиот пар

Актерот и комичар Пит Дејвидсон (28) и манекенката и актерка Емили Ратајковски (31) се видени како се држат за рака на состанок во Бруклин.Актерот и комичар Пит Дејвидсон (28) и манекенката и актерка Емили Ратајковски (31) се видени како се држат за рака на состанок во Бруклин.

1,074

Актерот и комичар Пит Дејвидсон (28) и манекенката и актерка Емили Ратајковски (31) се видени како се држат за рака на состанок во Бруклин. Нема докази, ни фотографија или видео. Изворот е жена која на страницата на Инстаграм „Deuxmoi“ напишала дека биле интимни и дека, кога не се држеле за рака, „рацете на Пит биле насекаде по Емили“.

Deuxmoi, инаку инстаграм-профил кој се занимава со озборувања, предупреди дека веста не е потврдена. Ниту Емили, ниту Дејвидсон не кажаа ништо за тоа ниту по објавувањето и ширењето озборувања на социјалните мрежи, а ниту подоцна кога беа контактирани од различни медиуми.






Инаку, Пит летово раскина со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (42). Освен со Кардашијан, тој беше во врска со Кејт Бекинсејл, Аријана Гранде, Фиби Дајнвор и Кези Дејвид.

Од друга страна, Емили пред два месецa се раздели од режисерот Себастијан Бер МекКлард со кој беше во брак четири години.

Обожавателите мислат дека Емили и Пит се совршен пар. Или би можеле да бидат.

„Мислам дека таа е многу поголем улов. И се чини дека има одреден тип на момче што ѝ се допаѓа“, рекол еден обожавател на социјалните мрежи.

Неодамна беше објавено дека таа е во врска со диџејот Орацио Рисп.

Исто така, Емили неодамна беше снимена како страсно се бакнува со мистериозен маж, а претходно ја поврзуваа и со Бред Пит.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини