Тинејџерот од Шпанија бил толку лут по расправијата со родителите, па одлучил својот бес да го насочи кон копањето на дупка во градината. По шест години добил сопствена подземна оаза.
Андрес Канто имал 14 години кога се скарал со родителите, бидејќи не сакал да се пресоблече пред излегување со пријателите. Наместо да негодува во собата, го зграпчил копачот и излегол во градината.
Откако почнал да ја копа дупката, се враќал секое попладне во наредните три години и продолжувал да кoпа.
По шест години, Канто успеал да направи вистинска пештера, со дневна соба и бања. Внатре има скали, рерна и кревет.
Канто, кој сега има 20 години, всушност не разбира што го натерало да почне да копа во 2015 година, но задоволен е од резултатот.
Дупката со текот на времето почнала да расте, додека Канто продолжувал со раце да ја расфрла земјата. Меѓутоа, по извесно време неговиот пријател Андру донел пневматска дупчалка, која го забрзала процесот – и на крајот направиле пештера длабока три метри, откако неделно копале околу 14 часа.
Сега Канто планира да ја прошири локацијата, која веќе има систем за греење, интернет и музички систем.
Според неговите зборови, температурата во пештерата е меѓу 20 и 21 степен помеѓу мај и септември.
Вели дека овој проект не чинел повеќе од 50 евра, а материјалот бил поевтин од тоа што го очекувал. Канто исто така ја засилил својата пештерска тврдина, за која користел бетонски столбови и ѕидови за да го спречи рушењето.
Во пештерата сега поминува до пет часа дневно релаксирајќи се, благодарение на интернетот кој сам го инсталирал.
Откако ја објавил снимката од пештерата, станал вирален и го привлекол вниманието на локалните власти.
Канто вели дека овој проект сѐ уште не е готов, и дека планира да направи и џакузи.
LA CUEVA , el hilo de cómo un chaval de 14 años empezó una cueva.
1. 9 marzo 2015; tras una pataleta de prepuber, me puse a darle picazos al bancal, no manejaba yo muy bien las emociones xd pic.twitter.com/U1VyVwjoFu
— Kokomo (@andresiko_16) April 26, 2021
Empezando con los últimos dos pilares de hormigón con encofrados!! pic.twitter.com/2pewVlC4d9
— Kokomo (@andresiko_16) May 7, 2021
Foto: Twitter/andresiko_16