Во германските стоковни куќи потрошувачите можат да очекуваат големи попусти на цените по карантинот.
– За многу производи ќе има попуст од 80 до 90 отсто за заостанатата стока да може ад се продаде – изјавил извршниот директор на Сојузното здружение на текстилни трговци (БТЕ) Ролф Пангелс за Rheinische Post.
Продажбата на пролетната гардероба веројатно исто така ќе биде поврзана со големи попусти.
– Тоа не оптоварува низ целата година – вели Пангелс, мислејќи на ограничувањата и затворањето на продавниците поради пандемијата на коронавирусот.
Ако карантинот продолжи, на крај ќе има уште понуди.
Експерти од индустријата веќе истакнале дека по отворањето на продавниците можат да очекуваат вистински „дисконтни битки“. Според претходните процени на БТЕ, половина милијарда непродадени модни предмети се насобрале во продавниците до крајот на јануари.
Станува збор пред се за зимска стока која од ден на ден ја губи вредноста, бидејќи на прагот е пролетта.