ПО ИЗБОРИТЕ ЌЕ СЕ СТАВИ КРАЈ НА КОРУМПИРАНОТО ПРАВОСУДСТВО Како бели мечки ги штитат СДСМ и ДУИ, порача Мицкоски

Не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари и затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга.

82

Една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ, е барањето спас во корумпираното судство и обвинителство, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга.

Според Мицкоски многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.






– Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Од Месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кои ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки – кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој им е предочен на институциите, а истиот да завршил со обвинителен акт за кој било поранешен висок функционер.

– А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што судот и обвинителството се главни аргати на СДСМ и на ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш засекогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот – вели Мицкоски.

Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.

– Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува – заклучи Мицкоски.

 

Поврзани содржини