📷 ПО ХАОСОТ СО КЕЈТ МИДЛТОН И ЏОНИ ДЕП СЕ ЗАФРКНА СО ФОТОШОПИРАНА ФОТОГРАФИЈА Актерот објави, па избриша фотографија со колегата
По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, актерот Џони Деп предизвика реакции кај обожавателите исто така со фотошопирана фотографија.
По виралната фотографија на Кејт Мидлтон и хаосот што го предизвика поради фотошопираните детали, холивудскиот актер Џони Деп предизвика реакции кај обожавателите исто така со фотошопирана фотографија.
Деп сакаше да му честита на својот пријател Роберт Дауни помладиот за добиениот Оскар на овогодишното доделување на престижните награди, па на Инстаграм сподели фотографија на која позираат заедно. Меѓутоа, обожавателите брзо забележаа дека станува збор за лажна, фотошопирана фотографија која со години кружи на интернетот.
johnny depp being proud of his bestie robert downey jr im gonna collapse pic.twitter.com/EiyG8mkwrZ
— maría (@jxnsmanager) March 11, 2024
Имено, на оригиналната фотографија од 1988 година, Роберт Дауни помладиот позирал со неговата тогашна девојка Сара Џесика Паркер.
Откако обожавателите му искоментирале дека забележале дека се работи за фотошопирана фотографија, Деп брзо ја избришал објавата.
ФОТО: Икс/Твитер