ПО ХАОСОТ, ЈАНША ПОРАЧА Нема да попуштиме, уличното насилство никогаш не донесе ништо добро

Синоќа демонстрантите, меѓу другото, побараа оставка од Владата, а словенечкиот премиер изјави дека Владата на Република Словенија нема да попушти пред притисоците и дека ќе инсистира на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

339

Словенечкиот премиер Јанез Јанша се изјасни против протестите против мерките за коронавирусот во земјата, кои прераснаа во судири со полицијата.

Демонстрациите против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот се одржаа вчера на плоштадот Република во Љубљана, а словенечкиот премиер реагираше на големите нереди во кои беа повредени неколку полицајци.






Јанша се обрати до јавноста преку својот профил на Твитер, велејќи дека уличното насилство никогаш не доведе до ништо добро.

Синоќа демонстрантите, меѓу другото, побараа оставка од Владата, а словенечкиот премиер изјави дека Владата на Република Словенија нема да попушти пред притисоците и дека ќе инсистира на мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Според извештаите на медиумите од оваа земја, за време на протестот биле повредени неколку полицајци, а демонстрантите биле растерани со солзавец и водени топови.

 

Поврзани содржини