ПО ГУЛАБ ЛИ МИ ГО ПРАТИВТЕ ИЗВЕСТУВАЊЕТО? Апасиев не добил одговор за референдумот, вели дека Џафери купува време
Јас немам никакво Известување, по што би почнале да течат (според Вашето толкување) деловнички предвидените 15 дена за корекција на она што не ви се допаѓа. Иако, Вие немате право да навлегувате во тоа дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа формулацијата на прашањето - говореше Апасиев во Собранието.
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев реагираше на фактот што собранискиот спикер Талат Џафери уште не одговорил на неговата иницијатива за референдум за францускиот предлог.
– Сакам да Ве прашам дали го пративте известувањето, дали по гулаб ми го пративте, дали по препорачана пошта ми го пративте известувањето? Така што прашањето ми е: Кога ќе го доставите Известувањето и до кога ќе купувате време со оваа иницијатива за референдум? – рече Апасиев во Собранието.
– На ден 07.10.2022 година, јас како граѓанин – физичко лице, не како пратеник, сум ви поднел Граѓанска иницијатива за распишување на дополнителен референдум. Вие сте објавиле некое известување до медиуми на ден 12.10.2022 година. Значи пет дена по моето поднесување на предлогот со 750 потписи но, ова известување јас сѐ уште како овластен предлагач го немам добиено писмено – подвлече лидерот на Левица и додаде:
– Јас немам никакво Известување, по што би почнале да течат (според Вашето толкување) деловнички предвидените 15 дена за корекција на она што не ви се допаѓа. Иако, Вие немате право да навлегувате во тоа дали ви се допаѓа или не ви се допаѓа формулацијата на прашањето.
Талат Џафери претходно објави дека ќе ја врати иницијативата за референдумот на доработка.