Еден израелски аптекар денеска случајно добил четири дози од вакцината на Фајзер против коронавирусот, ама вели дека се чувствува добро. Аптекарот изјавил дека до сега почувствувал само благи нуспојави, болка околу местото на на вакцинацијата и дека забележал црвенило.
Удај Азизи изјавил за ТВ Канал 12 дека неколку часа откако ја примил вакцината, гршката била забележана и дека тој бил испратен во болница на преглед и посматрање.
Изгледа дека лицето кое му ја дало вакцината, не сватило дека секое шишењнце од вакцината на Фајзер содржи неколку дози, обично пет.
Аптекарот не се вознемирил кога му кажале дека по грешка наеднаш примил четири дози од вакцината и рекол дека за три недели ќе треба да ја прими и втората доза.
Во Израел во неделата почна масовна вакцинација и напрво се вакцинирани здравствените работници, а во понеделникот постарите од 60 години.
Министерот за здравство Јули Еделштајн изјавил дека за два дена вакцинирани се 30.000 луѓе.