ПО ГОДИНA ДЕНА ДРАМА, ЃОКОВИЌ СТАПНА НА АВСТРАЛИСКА ПОЧВА Леташе од Дубаи, ќе игра на први во Аделаида

Српскиот тенисер од први јануари ќе игра на турнирот во Аделаида, а од 16-ти ќе настапи на Австралија опен откако минатата сезона беше спречен во тоа.

179

Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија по речиси една година, откако беше депортиран во јануари 2021 година бидејќи не сакаше да се вакцинира против коронавирусот. Новак дојде во Австралија со лет од Дубаи, каде ги помина претходните денови, јавува Нова.

Српскиот тенисер од први јануари ќе игра на турнирот во Аделаида, а од 16-ти ќе настапи на Австралија опен откако минатата сезона беше спречен во тоа.

 






Сагата околу Новак, вакцината и документите во Австралија траеше неколку дена во јануари, по што Србинот беше депортиран, што тешко му падна нему и на неговите фанови.

Месеци подоцна, Новак не можеше да го преболи ова како што треба, но сега е подготвен за нови предизвици во Австралија каде што главна цел ќе му биде 10. трофеј на првиот Грен слем сезонава.

Поврзани содржини