По Галатасарај, и Ал Ахли се откажа од „лакомиот“ Алиоски
Готово е, Алиоски нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Преговорите се прекинати, повеќе нема да се разговара на оваа тема поради превисоките барања на фудбалерот – соопштија од клубот.
Македонскиот репрезентативец Егијан Алиоски сепак нема да ја продолжи кариерата во тимот на Ал Ахли откако клубот од Саудиска Арабија реши да ги прекине преговорите со него.
Нешто слично како и во преговорите со Галатасарај, се чинеше во прв момент дека сите детали се договорени, па Ал Ахли дури излезе и со сумата од 2,5 милиони евра по сезона што ќе ја добива македонскиот интернационалец, но до тоа не дојде.
– Готово е, Алиоски нема да биде фудбалер на Ал Ахли. Преговорите се прекинати, повеќе нема да се разговара на оваа тема поради превисоките барања на фудбалерот – соопштија од клубот.
Во текот на вчерашниот ден тренерот на Галатасарај, Фатих Терим, објави дека преговорите со Алиоски исто така пропаднале поради превисоките барања на Македонецот.
– Навивачи на Галатасарај, слушнете ме внимателно. Јас и претседателот се согласивме. Не сакавме некои фудбалери. Езгјан Алиоски ни побара 7,5 милиони евра за три години, а исто така не е ниту класичен лев бек, тоа беше премногу – кажал Терим.
Останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата екс-фудбалерот на Лидс, кој речиси цел месец е слободен играч, но никако не успева да го комплетира наредниот трансфер по заминувањето од „Иланд Роуд“.