ПО ФИЛМСКА БРКОТНИЦА, ФАТЕНИ 100 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ОД „МЕДИЦИНСКО“ ПОТЕКЛО Со инспектори се проверуваат легалните производители

Дрогата најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра, смета МВР.

1,699

Тројца македонски државјани, Б.А. (37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ се уапсени вчера откако при преглед на нивниот „мерцедес”, на кој му претходела полициска бркотница, биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра – информира МВР.

Дрогата најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра, смета МВР.






„Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито” во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија” со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес”. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија”, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес”. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола“ – се вели во билтенот на МВР.

Во врска со настанот денеска полициски службеници и претставници од надлежната комисија при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино, најави МВР.

Поврзани содржини