Секое шесто лице има негативен став за претседателот Владимир Путин откако затворениот критичарот на Кремљ, Алексеј Навални го објави видеото во кое рускиот водач се поврзува со луксузната палата, покажала анкетата која денеска е објавена.
Во двочасовниот филм именуван „Палата за Путин“, кој како што тврди Навални пред се е приказна за подмитување, детално е прикажан раскошниот имот на брегот на Црното море со површина од речиси 10.000 квадратни метри.
Според информациите на Заводот против корупција, изнесени цо филмот „палатата“ ја финансирале руските државни претпријатија Роснефт и Транснефт кои и двете ги водат двајца блиски пријатели на Путин – Игор Сечин и Николај Токаријев.
Видеото собра 110 милиони прегледи на Јутјуб откако е објавено на 19 јануари.
Путин демантира дека палатата е негова.
Анкетата која ја објави Levada Center, кој не е поврзан со власта, покажала дека 26 отсто возрасни Руси, или секој четврти, ја следел истрагата на Навални, додека 31 отсто не слушнале за неа.
Седумдесет отсто од испитаниците изјавиле дека имаат полошо мислење за Путин откако го гледале филмот, иако 77 отсто рекле дека нивното мислење за него не се променило.