📷 ЕДНА ГОДИНА ПО ТАЈНАТА ВЕНЧАВКА Анѓелка Прпиќ ја објави првата фотографија од свадбата, страсен бакнеж со Марко

На фотографијата што ја објави Анѓелка, таа е облечена во прекрасна венчаница и се гледа како ужива во прегратката на сопругот Марко додека се бакнуваат.

531

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ во септември минатата година тајно се омажи за својот партнер Марко, а сега по повод годишнината, објави свадбена фотографија на својот инстаграм-профил.

Интимната церемонија била организирана во строга тајност, што била и исклучителна желба на младенците, за сè да се одвива далеку од очите на јавноста и медиумите во еден ресторан во Белград.






Анѓелка досега немаше објавено фотографии од минатогодишната венчавка, а сега, токму на годишнината, ја објави снимката на која среќни се бакнуваат.

На фотографијата што ја објави Анѓелка, таа е облечена во прекрасна венчаница и се гледа како ужива во прегратката на сопругот Марко додека се бакнуваат.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap)


Заедно со емотивната фотографија, Анѓелка објави и емотикон со бело срце, а во коментарите следуваа честитки.

Да потсетиме, по разводот од Дарио Прпиќ, Анѓелка стапи во врска со Марко и доби дете со него, а се венчаа во строга тајност. Тие ја прославија својата скромна венчавка во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите во ресторан во Белград. На свадбата и ручекот беа само неколку познати личности, меѓу нив водителката Марија Килибарда, актерката Ања Мандиќ, како и водителот Славко Белеслин.

Поврзани содржини