ПО ЌЕБАПЧИЊАТА ВО ГОСТИВАР И ТОСТОТ ВО БИТОЛА Ковачевски вчера си касна врап во Прилеп (ФОТО)

Драго ми е кога гледам вредни луѓе кои со љубов и труд вложуваат во семејните бизниси, во градот во кој живеат и придонесуваат во развојот на економијата, стои во објавата на премиерот.

1,414

Денешниот ден го завршувам со вкусната храна во една од најпознатите сендвичари во Прилеп. Со сопственикот Никола разговаравме за почетоците на неговиот бизнис, но и за идните планови кои тој ги има, напиша Ковачевски на својот фесјбук профил.

– Драго ми е кога гледам вредни луѓе кои со љубов и труд вложуваат во семејните бизниси, во градот во кој живеат и придонесуваат во развојот на економијата – стои во објавата на премиерот.






Ковачевски неодамна ја започна својата турнеја низ земјава и се пофали дека јадел вкусни ќебапчиња во Гостивар, а потоа при посетата на Битола рече дека знае каде го има најдобриот тост во овој град.

Поврзани содржини