ПО ДВЕ ГОДИНИ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТА Амал Клуни прошета по црвениот тепих
Адвокатката го придружуваше својот сопруг на премиерата на неговиот нов филм.
Познатата адвокатка за човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни, Амал, по долго време повторно прошета по црвениот тепих и тоа на премиерата на филмскиот проект на нејзиниот сопруг.
Филмот „Тендер бар“ е нов режисерски проект на Џорџ Клуни, а својата свечена премиера овој ја имаше викендов во Лос Анџелес.
Во придружба на главната sвезда на вечерта, најголемото внимание, очекувано, го привлече 43-годишната Амал, која во последните месеци ретко може да види во јавноста.
Позната по исклучителниот стил на облекување, Амал ниту овојпат не остави ништо на случајност, па облече асиметричен црн фустан со сребрен принт.
Да потсетиме, Клуни важеше за најпознатиот холивудски ерген, кој, како што и самиот рече, долго време бил убеден дека никогаш повеќе нема да се ожени, ниту, пак, ќе има деца. Сѐ се смени кога Амал влезе во неговиот живот, поради што ги отфрли сите претходни одлуки и одлучи со неа да застане пред олтарот во 2014 година.
Три години подоцна, тој стана татко на близнаците Ела и Александар.
Во меѓувреме, тој го промени својот став кон работата, поточно филмот – поминува повеќе време зад камерата отколку пред.
„Ја обожавам мојата работа, но исто така не сакам да бидам 60-годишник кој ќе се грижи дали некој млад продуцент или кастинг директор некогаш ќе го вработи повторно“, рекол своевремено.
ФОТО: Принтскрин