ПО ДВЕ ГОДИНИ МОЛК БРЕДЛИ КУПЕР ЈА ПРИЗНА ВИСТИНАТА Дали имал љубовна врска со Леди Гага?

Mесеци по снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ се шпекулираше што е вистина, а што не во односот помеѓу актерот и пејачката.

2,029

Кога Лејди Гага и Бредли Купер ја изведоа песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“, за целиот свет немаше сомнеж дека неговата парнерка Ирина Шајк е „исфрлена од игра“, а во срцето на најпосакуваниот маж на Холивуд влегла Леди Гага.

Тоа беше почетокот на 2019 година, а месеци подоцна се шпекулираше што е вистина, а што не. Потоа следуваше и доделувањата на наградите Оскар и новото изведување беше тука кое ги поттикна гласините за љубовта меѓу Гага и Бредли.






Во меѓувреме, Ирина и Бредли раскинаа, а деновиве повторно беа забележани заедно на улиците на Њујорк, што било доволно за да започнат шпекулациите за евентуално смирување на славната двојка.

А, што навистина се случило со Леди Гага? За тоа конечно проговорија токму тие двајцата. Сцената која предизвика гласини за нивната романса била само глума.

„Во филмот имаше сцени кога мораше да глумиме вљубени. Тоа е експлозивен момент кој ни се случуваше на сцената, пред илјадници луѓе. Би било глупаво јас и Гага и при изведувањето на песната да седевме на столчињата и да гледавме во публиката, моравме да ги доловиме ликовите на сцена“, вели Бредли за „Холивуд репортер“, додавајќи дека снимањето на филмот со Леди Гага му било прекрасно искуство, пишува „Индепендент“.

„Од почетокот го видов нејзиниот талент. Неверојатно харизматична и убава. Ми беше јасно дека небото ѝ е граница, толку е посветена и толку талентирана“, изјавил Бредли.

А, и самата Леди Гага неколкупати нагласувала дека тоа било само глума.

„Тоа е логично, снимавме филм со љубовна приказна. Јас сум уметничка и актерка, секако дека сакав луѓето да имаат впечаток дека сме заљубени и сакавме на доделувањето на Оскарите луѓето да ги видат и почувствуваат емоциите од филмот. Работевме напорно на тоа, со денови“, изјавила Леди Гага кај Опра.

Поврзани содржини