По две години излезе на виделина вистината: Протекоа тајните пораки на Меган и Хари напишани до нејзиниот татко

5,261

Во текот на судската постапка која Меган Маркл и принцот Хари ја водат против таблоидите откриена е содржината на пораките кои тие ги размениле со нејзиниот татко Томас Маркл пред свадбата во 2018 година.

Томас Маркл не беше на свадбата на неговата ќерка во Виндзор. Пред гала-настанот, беа објавени папарацо фотографии од свадбените подготовки, кои на фотографите им ги продаде токму таткото на Меган Маркл. Неговото отсуство го оправдуваа со неговите здравствени проблеми, односно со инфарктот што го доживеа пред венчавката, а тој не се двоумеше да каже дека нема да присуствува на церемонијата за да не ја засрами својата ќерка и кралското семејство.






– Ова е многу личен момент за госпоѓица Маркл во деновите пред нејзината венчавка. Таа и принцот Хари повторно бараат разбирање и почит и за господинот Маркл во оваа тешка ситуација – се вели во соопштението од палатата Кенсингтон, кое беше набрзо издадено по вестите дека Томас Маркл нема да биде на списокот на гостите.

До ден-денес таткото на Меган остро ги осудува својата ќерка и зет во јавноста, а во меѓувреме дури и застана на страната на британското кралско семејство, осудувајќи ги Меган и Хари за расколот инициран од Мегзит. Тој ги обвинуваше цело време дека тие не сакале да комуницираат со него, дека Меган никогаш не му се јавила ниту обратила… А, всушност, Меган, како што пишува „Мирор“, била многу загрижена за здравјето и безбедноста на нејзиниот татко пред свадбата. Со Хари го предупредувала да не се меша со медиумите затоа што тоа ќе му се одбие од главата.

„Том, тука е Хари, веднаш ќе ти се јавам. Те молам, јави се“, пишувало во првата порака, на која се надоврзала друга со оваа содржина: „Том, повторно е Хари. Ние навистина треба да разговараме со вас. Не треба да се извинувате, ги разбираме околностите, но јавното зборување само ќе ја влоши ситуацијата“.

Следувала и трета порака: „Ако ја сакате Мег и сакате да исправите сè како што треба, јавете ми се, бидејќи постојат две опции што го исклучуваат тоа дека мора да разговарате со медиумите, кои случајно ја направија целата оваа ситуација. Ве молам, јавете ми се да ви објаснам. Мег и јас  не сме лути, само треба да разговараме. Благодарам“.

Томас не сакал да го прифати предлогот, Хари тогаш му го испрати и ова: „Ох, секој разговор со новинарите ќе се врати како бумеранг, верувајте ми, Том. Само ние можеме да ви помогнеме, како што се обидуваме уште од првиот ден“.

Дека Томас бил во болница, Меган и Хари дознале преку медиумите. Меган на денот на свадбата, 18 мај, му испратила на својот татко порака: „Се обидувам да разговарам со тебе цел викенд, но не ги прифаќаш моите повици ниту одговораш на моите пораки. Јас сум многу загрижена за твоето здравје и безбедност и ги презедовме сите мерки за да те заштитиме, но не сме сигурни што повеќе да правиме ако не одговориш. Дали ти е потребна помош? Може ли да го испратиме тимот за безбедност повторно. Многу ми е жал ми што слушам дека си во болницата, но мора да стапиш во контакт со нас. Во која болница се наоѓаш?“ .

По 10 минути, Меган му рекла на својот татко:

„Хари и јас решивме порано во текот на денот да ги испратиме истите момчиња од безбедувањето што ги одби овој викенд за да ти бидат на располагање веднаш штом ќе ти затребаат. Те молам, те молам, јави ми се што е можно поскоро. Сето ова е многу загрижувачко, но твоето здравје е најважно“.

Томас на крајот одговорил, велејќи дека ќе биде во мотелот и дека не му треба обезбедување. Хари не се откажал, па затоа дополнително му понудил помош околу безбедноста и подобра медицинска нега.

 

 

Поврзани содржини